Loading Video...
Фудбал
13. March 2021 - 18:47

Академците на Пандев славеа против Работнички

Со натпреварот Работнички – Академија Пандев, започна третиот круг во ПМФЛ. Екипата на Академија Пандев забележа победа на гостувањето во Скопје, против Работнички со 2:0. 
 
Гостите поведоа  рано, уште во 11-минута кога по уфрлувањето  Марио Крстовски реагираше одлично и ја затресе мрежата на „романтичарите“. 
 
Во продолжението две големи шанси за гол и израмнување пропушти Прелчец кој прво погоди статива, а во самиот финиш на полувремето не искористи пенал, односно неговиот удар гостинскиот голман Јовановски го одбрани. 
 
Во вториот дел гостите уште еднаш постигнаа гол и тоа преку Велиновски во 77.минута па со конечни 2:0 на крајот заслужено се радуваа
 
Останатите пет натпревари од 23.коло во ПМФЛ се играат утре со почеток од 15 часот. 
Двојките се: 
МАКЕДОНИЈА Ѓ.П -СИЛЕКС
ШКУПИ -ВАРДАР
ШКЕНДИЈА -ПЕЛИСТЕР
БОРЕЦ -БЕЛАСИЦА
СТРУГА ТЛ -РЕНОВА