Ајкула уби 16-годишно момче на Јамајка

Ајкула нападна и уби 16-годишен средношколец на Јамајка. Безживотното тело е пронајдено во водите северно од островот, соопштија тамошните власти
Тинејџерот Јахмари Рид живеел во Трелани, источно од популарниот туристички град Монтего Беј. Момчето, според наводите, отишло само на риболов рано наутро во понеделникот, а рибарите го пронашле неговото тело следниот ден со повреди што укажуваат на напад од ајкула, се вели во извештајот на полицијата.
Од 1749 година, во Јамајка се пријавени само три напади на ајкула, според Меѓународната датотека за напади од ајкули, уредувана од Музејот за природна историја на Флорида и Американското здружение „Еласмобранч“.
Лани имало вкупно 69 (потврдени и неиспровоцирани) напади од ајкула ширум светот и 14 смртни случаи, се вели во извештајот. Во јули, сурфер ја загуби ногата по напад крај брегот на Австралија. Само еден месец претходно, сурферката Тамајо Пери почина по напад на ајкула кај островот Оаху, Хаваи. Во јануари, и млад рибар кој нуркал кај пацифичкиот брег на Мексико бил убиен од ајкула.
Ново на Сител
-

Меколи Калкин се сретнал со „Дизни“ за „Сам дома 7“
-

Актерот Бен Афлек освои милион долари во квизот „Кој сака да биде милионер“ - ги донираше на локалните заедници во Конго
-

Сингапур им забрани на „Масив атак“ влез во земјата поради палестинското знаме
-

Во западна Турција откриена ретка статуа стара 2.500 години
-

Ендрик сака да го напушти Реал
-

Втора победа на македонските ракометари на Европското кадетско првенство
-

Дали и вие имате чувство дека сте магнет за комарци? Не е случајност – ова е причината
-

Скопје и Гевгелија од денеска домаќини на ЕП за кошаркари до 16 години
