-->
-->
Ајдин Османовиќ ја испеа „Заветна“ како честитка за Илинден
-->
Ајдин Османовиќ, момчето од Босна и Херцеговина кое со својот моќен глас го освои Балканот, како и симпатиите на македонските граѓани, пеејќи македонски песни, го честита претстојниот национален празник Илинден, со нумерата „Заветна“.
Медиумската информативна агенција (МИА) на 21 мај лани пред доаѓањето на младиот Ајдин во Крива Паланка направи интервју со неговиот професор Брашњиќ кој тогаш изјави дека македонските традиционални народни песни имаат посебна, суптилна, голема фраза која остава доволно простор за вокална интерпретација.
- Бидете горди на богатството на македонската традиција која има непроценливо културно и цивилизациско значење не само за Северна Македонија, туку и за целото човештво, истакна тогаш Брашњиќ за МИА.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Почнаа уписите на УКИМ
-

Марихуаната ја декларирале како перници, јоргани и тортички – Двајца Македонци осудени во случајот со 5 тони дрога
-

Земјоделците произведуваат поскапо, а продаваат поевтино, покажаа податоците на Државна статистика
-

Преглед на вестите од светот
-

Централна свеченост по повод 18 август - Денот на Армијата
-

Муцунски: Надворешната политика е државна политика
-

Активни шест пожари, еден под контрола, а 22 се изгаснати
-

„Не го гаснете селото“, нов протест на родителите на учениците од с. Долни Балван
