АЦВ утврди одговорност за упадот во М-НАВ, сериозни прекршувања на протоколот за обезбедување
Сериозни прекршувања на процедурите за обезбедување во М-НАВ утврди Агенцијата за цивилно воздухопловство. Вонредниот надзор на агенцијата по инцидентот на 4 јануари кога беа нападнати вработени лица, покажува дека процедурите за безбедност во М-НАВ се добри, но некој своеволно си зел за право да не ги почитува. За утврдената одговорност изречени се санкции кон повеќе лица и една фирма. Директорот Тунтев вели дека иако инцидентот можел да предизвика сериозни безбедносни последници, присебноста и искуството на вработените спречиле загрозување на безбедноста на македонското небо.
Во 16. минути додека траел инцидентот, од 14.53 до 15.09 часот, не е евидентирана ниту една пријава на настан ниту од страна на пилот, контролор, аеродромски персонал или кој било воздухипловен персонал. Ниту еден од воздухопловите без оглед каде се наоѓа, ниту за време на случувањето на инцидентот ниту после тоа, не останале без стандардната навигациска услуга што ја дава М-НАВ на авионите во лет“, вели Тунтев.
За да се спречат идни вакви инциденти, Агенцијата изготви 11 мерки кои меѓудругото вклучуваат набавка на металдетекторска врата и уреди за поголеми контроли на сите кои влегуваат во објектот.
За упадот во М-НАВ ОЈО Скопје отвори истражана постапка против 8 лица за загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај. Едно лице е во притвор, а останатите 7 добија куќен притвор.
Покрај Агенцијата за цивилно воздухопловство, надзор извршија и Државниот инспекторат за труд и Финансиската полиција.
По инцидентот во М-НАВ од 4 јануари М-НАВ има нови директори, откако Владата ги разреши Хамиди и Стаменковски.
-

Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар
