АБА 2: МЗТ Скопје го доби дербито со Војводина
Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром вечерва во Нови Сад ја победи Војводина со 89:84 и направи голем исчекор кон четвртфиналето во регионалната АБА 2 лига.
Аеродромци дербито на колото против домаќинот на турнирот го отворија извонредно и по првата четвртина имаа водство со 24:12. Во неколку наврати МЗТ водеше и со 15 поени разлика. Сепак на крајот до триумфот македонскиот претставник стигна во неизвесен финиш.
Турнирот во Нови Сад, МЗТ Скопје го заврши со максимални три победи и сега има биланс 7-3.
За разлика од аеродромци, вториот македонски претставник кои настапи денес во 10. коло, тимот на Пелистер загуби минимално од Сутјеска со 79:78, додека вчера ТФТ го совлада Шеншур со 85:77.
МЗТ е на делба на третото место со Војводина и Широки со биланс 7-3, Пелистер е 9.со ефект 4-6, ТФТ е претпоследен (13-ти) со две победи и осум порази.
Ново на Сител
-

Денеска попладне во Скопје ќе се одржи Парада на гордоста
-

Зеленски му се закани на Лукешенко: Имате една недела или ќе преземеме акција
-

САД и Иран ги продолжуваат мировните преговори во Швајцарија
-

Tоварен воз падна од мост во Минхен
-

Сончево и топло време со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер
-

Израел изврши напад во јужен Либан по стапувањето во сила на прекинот на огнот, јавува ННА
-

Кривична за директор на градинка во Штип, го оштетил буџетот на општината и градинката за над 7,7 милиони денари
-

Сиљановска-Давкова на промоција на иницијативата за обновување и одржлив развој на Галичник
