Македонија
18. September 2026 - 13:51

67-годишен охриѓанец починал на лице место откако паднал со мопед

На 17.09.2026 околу 11:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„15 Корпус“ во Охрид, 67-годишниот И.Б. од Охрид, управувајќи мопед со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Од здобиените повреди, И.Б. починал на местото на несреќата, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.

Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Охрид.