41-годишник со камења ги мавал даночните контролори на локалитетот “Куклица”
Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 41-годишен британски државјанин поради сомнение дека го спречил извршувањето на службено дејствие од страна на даночни контролори.
Инцидентот се случил на 16 јули на локалитетот „Камени Кукли“ во селото Куклица, Кратово, каде двајца даночни контролори вршеле службена контрола во врска со претходно поставени обележја за привремена забрана за вршење дејност.
Според информациите од обвинителството, осомничениот се обидел да го спречи нивното постапување, при што фрлал камења кон контролорите и кон нивното службено возило. Поради нападот, контролорите морале да го напуштат локалитетот и не успеале да ја спроведат контролата.
Против 41-годишниот Британец е поведена постапка за кривично дело „Спречување службено лице во вршење службено дејствие“, за кое е предвидена санкција согласно член 382 став 3 од Кривичниот законик.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
Ново на Сител
-

Шабан Салиу ќе даде отчет за досегашните активности, постигнатите резултати и идните приоритети
-

Литванскиот министер за надворешени работи Кестутис Будрис во официјална посета на Македонија
-

Спасени 33 лица, десетици илјади сè уште се водат како исчезнати по двојниот земјотрес во Венецуела
-

Почувствуван земјотрес со епицентар на подрачјето Тетово-Гостивар
-

Седници на четири собраниски комисии
-

САД: Техничките разговори со Иран се уште се на добар пат
-

Денес топло време со температури до 39 Целзиусови степени
-

Почина Владо Јаневски
