41-годишник со камења ги мавал даночните контролори на локалитетот “Куклица”
Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 41-годишен британски државјанин поради сомнение дека го спречил извршувањето на службено дејствие од страна на даночни контролори.
Инцидентот се случил на 16 јули на локалитетот „Камени Кукли“ во селото Куклица, Кратово, каде двајца даночни контролори вршеле службена контрола во врска со претходно поставени обележја за привремена забрана за вршење дејност.
Според информациите од обвинителството, осомничениот се обидел да го спречи нивното постапување, при што фрлал камења кон контролорите и кон нивното службено возило. Поради нападот, контролорите морале да го напуштат локалитетот и не успеале да ја спроведат контролата.
Против 41-годишниот Британец е поведена постапка за кривично дело „Спречување службено лице во вршење службено дејствие“, за кое е предвидена санкција согласно член 382 став 3 од Кривичниот законик.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
Ново на Сител
-

„Златни денови“ Кратово со богата музичка програма на 3 и 4 јули – два дена забава за сите генерации
-

58 санкции за возачи во акциска контрола во Битола
-

Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на автопатот Куманово – Велес
-

Почина режисерот Сашо Миленковски
-

СП 2026: Канада прв осминафиналист
-

Едно возило се преврте во тешка сообраќајка утринава, повредени повеќе лица
-

Општина Кочани алармира: Повеќе од двојно зголемена потрошувачката на водата за пиење, можно воведување на рестрикции
-

Министерот Трипуновски ќе потпише грант од два милиони долари со Светска банка
