Македонија
2. July 2026 - 14:22

39-годишен затвореник пренесен во болница во Штип, го силувал 59-годишник осуденик

На 30.06.2026 година во 11:32 часот во СВР Штип од Клиничка болница Штип било пријавено дека кај нив бил донесен 39-годишен осуденик од кавадаречко, кој издржува казна во Казнено-поправната установа Затвор Штип.

Според пријавеното, во установата 59-годишен осуденик од струмичко извршил обљуба врз оштетениот.

За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна кривична пријава.