200 метри кубни отпад собран во „Генералка викенд“ во Скопје

Околу 200 метри кубни отпад само во главниот град биле собрани во рамки на акцијата Генералка викенд која се одржуваше во текот на минатата недела. Информацијата ја потврди скопското јавно претпријатие комунална хигиена.
Се чистеше на Кејот на реката Вардар, опфаќајќи ги двете страни на речното корито, при што стотици учесници во акцијата собираа најразлични видови на непрописно одложен отпад од брегот и пешачките патеки. Паралелно, активностите се реализираа и во сите скопски општини, каде што граѓаните и волонтерите го одлагаа собраниот отпад на претходно определени пунктови, најчесто во близина на училишта и градинки.
По завршувањето на акцијата, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје го презедоа и транспортираа отпадот од сите локации, како што веќе објавивме, вкупно 200 метри кубни.
Ново на Сител
-

Најдобро место за преселба: Просечната месечна плата во Лихтенштајн е 8.249 евра
-

Убиство во Битола: Маж си ја уби 31-годишната сопруга
-

Македонскиот извоз на фудбалери меѓу Топ 50 во светски рамки
-

Во израелски напади врз Либан загинаа 22 лица, од кои осум деца
-

Повторно пожар на депонијата „Краста“ во кумановско
-

Француските обвинители бараат седум години затвор за Никола Саркози
-

Речиси 77 проценти од домаќинствата во ЕУ се без деца
-

Најсвежо на Попова Шапка, најтопло во Гевгелија
