Македонија
2. September 2026 - 14:13

14-годишник возел мотор во спротивна насока, кога ја видел полицијата го оставил и избегал

14-годишник од Велес бил приведен откако полицијата утврдила дека управувал мопед во спротивна насока, а при обидот да биде запрен го оставил возилото и побегнал.

Настанот бил регистриран на 1 септември, околу 10 часот, на улицата „11 Октомври“ во Велес. Полициски службеници забележале мопед кој се движел спротивно од дозволената насока. Кога малолетниот возач ја забележал полицијата, го паркирал мопедот и се дал во бегство.

По преземените мерки, полицијата го пронашла 14-годишникот и утврдила дека токму тој го управувал мопедот.

Со него бил извршен службен разговор во присуство на родител и претставник од Центарот за социјална работа во Велес. Мопедот бил одземен, а по целосното документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.